Легендата на светскиот фудбал, Бразилецот Пеле паднал во депресија и не сакал да излезе од својот дом поради лошата здравствена состојба.

Рехабилитацијата од операцијата на колкот не оди според планот и затоа 79-годишниот Пеле кој моментално се движи со количка ги одбегнува сите спортски настани и појавувања во јавност.

  • Тој е во доста кршлива состојба. Имаше операција за замена на колкот, но рехабилитацијата не оди најидеално. Има проблем со мобилноста и тоа го прави депресивен. Замислете, тој е кралот, секогаш бил толку импозантен, а денеска не може да оди како што треба и секогаш мора да има помош. Тој е многу срамежлив и засрамен од таа ситуација. – изјави Едињо.

Здравствената состојба на Пеле е постојано под лупа на бразилските медиуми. Тој во 1977 година беше на операција за отстранување на десниот бубрег, а минатата година повторно беше на интервенција. Тој се појави во количка на ждрепката за СП во Москва, а еден месец подоцна колабираше од премореност.

OhridNews