Метеоролозите најавуваат дека денеска не очекуваат пеколни горештини со услови за краткороен пороен дожд и грмотевици во попладневните часови. Според прогнозите, живата на термометарот денес се очекува да се искачи до 38-иот степен.

Топлотниот бран што ја зафати Македонија ќе се задржи до крајот на наредната недела, а Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат да се избегнуваат какви било напорни активности за време на најжешкиот период на денот – од доцна наутро до доцна попладне.

OhridNews