Покрај тешката сообраќајна несреќа на незавршениот булевар „Железничка“, во која животите ги загубија две лица, случени се уште три помали сообраќајни несреќи. Евидентирани се и повеќе тепачки во кафе барови со сериозни повреди, како и една закана со огнено оружје.
Имено синоќа околу полноќ лице од Скопје кое според полицискиот извештај било во алкохолизирана состојба, по расправија заради реакција на локалното население на брзината со кое тоа го управувало неговото возило низ населбата, упатило закани по живот кон едно лице. При вербалната расправија скопјанецот со пиштол му се заканил на пештанецот да не го задава. Вознемирениот жител случајот го пријавил во полицијата која подоцна го пронашла заканувачот кој започнал расправија и со полицајците кон кои исто така упатил навредливи и заканувачки зборови. Расправијата револтирано ја следеле дваесетина жители на Пештани. Лицето кај кое било констатирано алкохол во крвта од 1,6 промили, било приведено во полицијата, од каде по отрезнувањето е пуштено на слобода.