Охридските ракометари ги очекува пеколен ритам во Супер лигата каде што ќе одиграат три натпревари во следните десет дена.

Згуснатиот распоред за „гладијаторите“ почнува од викендов на гостувањето во Штип кај екипата на Текстилец.

Охриѓани ќе немаат премногу одмор бидејќи в среда во „Билјанини Извори“ гостува тимот на Тинекс Пролет.

Последниот натпревар од трите мечеви охридските ракометари ќе го одиграат во Битола против Пелистер на 25/26 октомври.

По четири одиграни средби „сините“ имаат две победи, едно реми и еден пораз и со седум бодови се наоѓаат на третата позиција на табелата.

Мх.П.