Македонската ракометна селекција на Европското првенство во Полска се најде во групата на смртта заедно со домаќинот, Франција и Србија.
Покрај тешкиот ждреб избраниците на хрватскиот стратег Ивица Обрва ги чека уште потежок распоред на мечевите на четвртото учество на ЕП во историјата.
Европското првенство македонските репрезентативци го отвараат против Франција, а потоа следуваат мечевите со Полска и Србија. Натпреварите групата А ќе ги игра во Краков.
Континеталниот собир на програмата е следната година од 15 до 31 јануари.
Ohridnews