Челниците на англиската Премиер лига подготвија пеколен план за завршување на сезоната. Планот на екипите ќе му биде претставен в четврток и ќе биде ставен на гласање.

До крајот на првенството остануваат уште 92 натпревари. Премиер лигата планира да се играат по два натпревари дневно на неутрален терен. Екипите да играат во растојание од три денови за да се запазат правилата од ФИФА и УЕФА. Натпреварите да бидат без присуство на публика и да се пренесуваат во живо.

Со ваков план, Премиер лигата по секоја цена сака да ја заврши сезоната и да спаси дел од парите земени за телевизиските права.

Водечка екипа на табелата во Премиер лигата е Ливерпул со голема предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити и третопласираниот Лестер. Голема битка ќе се води за позицијата број 4 на табелата, како и местата кои гарантираат опстанок во англиската фудбалска елита.

OhridNews