Во втората половина од март месец охридските кошаркари ќе имаат пеколен натпреварувачки ритам. „Галебите“ ќе треба да одиграат шест натпревари, од кои четири во македонскиот шампионат и двата преостанати во АБА лигата.

Натпреварувачкиот маратон на АВ Охрид започнува викендов со гостувањето кај тимот на Гостивар. Четири денови подоцна ги очекува мечот со лидерот на табелата, Работнички на домашен терен. Исто така пред своите гледачи охриѓани ќе го пречекаат актуелниот шампион МЗТ Скопје, а регуларниот дел од сезоната „галебите“ го завршуваат со дуелот против Карпош Соколи во Скопје.

Измеѓу овие четири мечеви од Првата македонска кошаркарска лига избраниците на Петар Чочороски ќе треба да одиграат и два во Втората АБА лига. Во претпоследната рунда во Охрид гостува Крка, а во последната охриѓани патуваат кај Сикст Приморска.

Кошаркарите на АВ Охрид од саботата до денеска одиграа три мечеви. Првиот беше со Блокотехна во националното првенство и две со Босна Ројал и Теодо Тиват во АБА лигата. Во фокусот на охриѓани ќе бидат мечевите од Првата лига, бидејќи бркаат пласман во плејофот, додека натпреварите од АБА лигата ќе послужат како загревање.

Распоред:

Прва лига:

17.03: Гостивар – АВ Охрид

21.03: АВ Охрид – Работнички

25.03: АВ Охрид – МЗТ Скопје

28.03: Карпош Соколи – АВ Охрид

АБА лига:

АВ Охрид – Крка

Сикст Приморска – АВ Охрид

OhridNews