Охридските кошаркари ги очекува вистински пеколен натпреварувачки ритам во период од 23 до 27 декември во кој ќе одиграат три натпревари.
„Галебите“ в сабота со почеток во 18 часот на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Карпош Соколи во 11-та рунда од Првата македонска лига.
Два дена подоцна охриѓани гостуваат во спортската арена „Јане Сандански“ кај тимот на МЗТ Скопје во заостанатиот натпревар од 10-та рунда.
Кошаркарите на АВ Охрид трилогијата мечеви ја завршуваат в среда во СРЦ „Билјанини Извори“ со пресметката во Втората АБА лига против Сикст Приморска.
Избраниците на Петар Чочороски во Првата лига котираат на осмата позиција, додека во регионалната лига со една победа се последни на табелата.
OhridNews