Тропските горештини кои деновиве ја зафатија Македонија денеска ќе достигнат максимум. Живата во термометарот се очекува да се искачи над 40-от степен Целзиусов.

Лекарите
советуваат без неопходна потреба да не се излегува на сонце, да се носи светла и
тенка облека, капа и очила за сонце. На жешкото време да се одбегнува тешка и мрсна храна, а да се 
јаде повеќе овошје и зеленчук. Се препорачува да се внесуваат повеќе
течности, а алкохолот да се избегнува. Хроничните болни треба редовно
да ја примаат терапијата и да го избегнуваат жешкото сонце.


Поради високите температури екипи на Црвен крст Охрид во соработка со “ИЛИНА” деновиве на 4
пункта низ градот, делат вода на
минувачите, а медицински екипи  вршат мерење на крвен притисок и 
интервенираат доколку за тоа има потреба.

Според метеоролозите утре ќе дојде до благо опаѓање на температурите проследено со ветер.

Ohridnews