Над триесет лица загинаа, а повеќе од 130 се повредени, од кои 20 се во критична состојба, во бомбашкиот напад што денеска се случи на московскиот аеродром „Домодедово“. Според првичните информации од руските безбедносни сили, експлозивната направа ја активирал бомбаш самоубиец кој се наоѓал во толпата луѓе.

Аеродромот „Домодедово“ е затворен за сообраќај, а авионите се пренасочуваат кон второт воздушно простаниште во Москва „Мереметиево“.


Рускиот претседател, Дмитриј Медведев, го осуди терористичкиот напад. Тој изрази сочувство до семејставта на загинатите и најави дека организаторите на терористичкиот чин ќе бидат фатени и казнети. Поради нападот на московскиот аеродром, претседателот Медведев го откажа учеството на економскиот форум во Давос.

По нападот на „“Домодедово“ Русија ги зголеми безбедносните мерки на другите аеродроми во земјата.

OhridNews