Во главниот град на островската держава, Порто Пренс состојбата е алармантна. Помошта стигнува бавно, а преживеаните покрај тоа што останаа без покрив над главата, се соочуваат и со недостиг од вода и храна. Под рушевините и на улиците лежат илјадници безживотни тела, а поради топлото време на населението му се заканува и опасност од епидемија.
Претседателите на САД Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ Буш на состанок во Белата куќа се договорија да основаат претседателска фондација за помош на Хаити. Клинтон по средбата изјави дека фондацијата „Клинтон – Буш за Хаити“(clintonbushhaitifund.org) ќе функционира така што Американците ќе знаат на што ќе се трошат нивните пари.
Помош понуди и светскиот џет сет, а голем број познати личности донираа средства за помош на Хаити. Во меѓувреме американската војска пристигнува на островот на кој пустошат разбојнички банди кои дополнително ја усложнуваат хуманитарната криза на Хаити. Поради тоа жителите на Хаити се гневни на светот кој како што велат ги напуштил кога им е најтешко. Својот револт тие го истурија врз новинарските екипи.
– „Спуштете ги камерите и помогнетени или одебете!“ им довикна на новинарите жител на Хаити на англиски јазик. „Небото веќе се урна, а сега вие доаѓате. Предоцна, предоцна“, им кажа друг на француски јазик. Како што известуваат репортерите на CNN , жителите на Хаити не се лути само на новинарите, туку се огорчени затоа што хуманитарната помош пристигнува пребавно, пренесува хрватскиот портал „index.hr“.