Наскоро борачите ги очекуваат неколку турнири, на кои ќе се обидат да дојдат до уште некоја олимписка норма за ЛОИ 2008. Во најтесниот избор на селекторот Зоран Шоров се сениорите Љуљзим Вранези и Дејан Богданов како и јуниорот Дејан Митров.
– Првиот тест ќе го имаме на меѓународниот турнир во Анкара, Турција, на ‘Јашар Доглу’ (9 – 10 февруари). Потоа следува турнирот во Минска, ‘Александар Медвед’ (8 – 9 март) во Белорусија. Впрочем, тоа се турнирите заедно со сениорското ЕП во Тампере, Финска (1 – 6 април), кои ќе бидат последна проверка пред квалификациите за Кина. Веднаш потоа, за две недели, за слободен стил, не чека првиот квалификациски турнир за ЛОИ во Пекинг во Мартини, Швајцарија (18 – 20 април), а потоа и вториот во Варшава, Полска (2 – 4 мај)– вели за ohridnews селекторот Шоров .
Борењето е единствениот спорт во кој досега македонските спортисти обезбедиле виза за Пекинг. По освоеното осмо место на СП во Азербејџан Мурад Рамазанов обезбеди пласман на ЛОИ 2008.
Преку квалификациите најблиску да олимписки норми се Љуљзим Вранези во категроијата до 66 кг и Дејан Богданов во категоријата до 84 кг. Единствениот олимписки медал за независна Македонија го има освоено борачот Могамед Ибрагимов, кој во Сиднеј 2000 година дојде до бронза
прочитај :
Владата ќе оддвои 40 милиони денари за улица „Железничка“ ! ! !
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=3470