Бројот на жители во Пекинг, на крајот на минатата година, достигнал 21,15 милиони, што е за 2,2 проценти повеќе во однос на претходната, 2012 година, објавил Заводот за статистика на градот Пекинг.
Од крајот на 2012, бројот на постојани жители на кинескиот главен град се зголемил за 455 илјади граѓани, пренело Кинеското Интернационално Радио. Во заводот истакнуваат дека со овој број се опфатени и 8,03 милиони мигранти, кои во градот престојувале повеќе од половина година.