Пуги е пекинезер кој има десет години, и кој влегол во гинисовата книга како куче со најдолг јазик на светот. Јазикот на ова симпатично куче е долг 11,43 сантиметри, скоро колку целото негово тело. Иако јазикот го направил славен Пуги поради него преживеал и некои тешки моменти.


Луѓето кои го гледаат за прв пат остануваат вчудоневидени од неговата појава. Поради јазикот го напуштил неговиот прв сопственик, а сега кучето од скитник стана гинисов рекордер.