На првопријавениот судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена додека второ и трето пријавениот се во бегство.
На ден 04.11.2009 година, во попладневните часови, пријавените, со подесен алат насилно го отвориле прозорецот од купатилото на пекарата „Бехар-ЛБ“ во Дебар и ја искршиле вратата. Со кршење на фиоки во канцелариите на пекарата, успеале да пронајдат и противправно да одземат вкупно 864.600 денари.
Полициската станица од Дебар презема засилени мерки за пронаоѓање и на другите две пријавени лица како извршители на пријавеното кривично дело.