Екипите на Пекара Лихнида и Лаунч бар Пиколо ќе ги одмерат силите во финалето од турнирот во мал фудбал „Петровден 2021“.

Пекара Лихнида во полуфиналните натпревари со 6-5 на пенали (1-1) го совлада тимот на Инсомниа, а Лаунч бар Пиколо со 1-0 славеше над Ресторан Бриони.

Финалната разврска на турнирот во Мешеишта е денеска. Во 21 часот ќе се одигра мечот за трето место, а во 22 часот на програмата е финалниот натпревар.

OhridNews