Фотографот Карл Варнер направил неверојатни фотографии кои сам ги изработил користејќи зеленчук, месо, риба и млечни производи.

За да ги одбере вистинските облици, Варнер по неколку часови поминувал во супермаркетите гледајќи во зеленчуците, така што вработените почнале чудно да го гледаат.

Шума од брокула, море од чаден лосос, планини од леб и село од сирење се само неколку од креациите што ги издизајнирал 44 годишниот Варнер.

„Фотографиите планирам да ги вметнам во книга која ќе треба да ги мотивира децата да јадат здрава храна“ – вели таткото на четири деца.


Пејсажи од храна

ohridnews