Охриѓанецот Дамјан Пејчиноски го освои второто место на интернационалниот гитаристички натпревар „Огнени жици“ („Strings on fire“), кој се одвиваше преку Интернет.

На зададена тема, учесниците требаше да отсвират соло-делница, по што повеќечленото жири предводено од гитаристот Херман Ли, од англискиот метал-состав „Драгонфорс“, ги одбра победниците.

За победник на овој интернет-гитаристички натпревар е прогласен Даниел Резендре од Бразил, а веднаш зад нашиот претставник се најде Шон Керингтон од Америка. Освен овие тројца победници, младиот Поп Воравит од Тајланд ја доби специјалната награда за најнадежен гитарист.

Натпреварот „Огнени жици“, кој се одржа во организација на Херман Ли и популарниот интернет-видеопортал „Ју-тјуб“, беше поддржан од познатиот производител на гитари „Ибанез“. Снимката од победниците сé уште може да се види на интернет-страницата на „Ју-тјуб“.


Во моментов со  Јордан Манов како дел од групата „Шајн“ се подготвуваат за промоција на новиот спот.

Во меѓувреме, Дамјан беше поканет да учествува и на новиот албум на Гарабет Тавитјан, насловен „Македонското срце чука во 7/8“. Таму тој свири соло-гитара на темата „Не си го продавај Кољо чифликот“, која ја пее Мики Јовановски-Џафер.

ohridnews