Само три месеци откако супермоделот Хајди Клум побарала барање за развод од Сил, пејачот е фотографиран во страсни прегратки со згодна бринета.
Фотографиите се објавени на порталот “ТМЗ“, а на нив се забележува дека тие двајца навистина се блиски. Сил на едната фотографија ја прегрнува, а на другата ја бакнува.
За причините за развод на британскиот пејач и германската убавица доста се нагаѓаше, а како една од причините беше и љубовната афера на Сил со дадилката.