Ентони Кидис, 53-годишниот пејач на калифорниската рок група „Red Hot Chili Peppers“ префрлен е во болница, поради што неговиот бенд мораше да го откаже настапот во Ирвин, Калифорнија. Информацијата ја објавија американските медиуми, а дека Кидис е во болница потврдија и организаторите на планираниот настап. Засега не е позната причината поради кој пејачот на групата заврши во болница. Басистот на бендот, Мајкл Базари, познат како Фли, рече дека бендот не можеше да настапува бидејќи пред концертот Кидис бил одведен во болница, но не наведе други детали.

 

Тапанарот Чед Смит на Твитер напиша дека бендот е разочаран што не можел да го одржи концертот и му посака на Ентони што поскоро закрепнување. Калифорниската група неодамна соопшти дека на 17 јуни ќе го објави албумот „Getaway“. Познатиот бенд, кралеви на алтернативниот рок во деведесеттите години, го објави синглот „Dark Necessities“ од новиот албум, а песната е посветена на болестите од зависност. Бендот, познат по хитовите „Under The Bridge“, „Californication“ и многу други, основан е во Лос Анџелес во 1983 година со Кидис на чело.