Познатиот српски пејач Љубиша Стојановиќ – Луис (59) загина во верижен судир на автомобили, кој се случил утрово во 5 часот на патот помеѓу Фекетиќ и Врбас.

Како што јавува српската агенција „Бета“ во сударот загинал уште еден унгарски државјанин, а повредени се уште шест лица.

Засега не се познати причините за несреќата, а полицијата работи на утврдување на околностите под кои се случила трагедијата.

Тројцата сопатници кои биле во автомобилот со Луис во моментот на несреќата спиеле и не знаат што точно се случило.

Познатиот пејач  се занимаваше со музика од 1970 година, а прекарот Луис го добил кога имал 9 години затоа што успешно ги изведувал песните од Луис Армстронг. Беше меѓу првите кои ги комбинираше џезот и фолклорот, а во 1980 година го сними првиот албум насловен како „Не куни ме не ружи ме мајко“.

Дава пати се женеше и разведуваше. Живееше со невенчаната сопруга Силвана и имаше шест деца.

OhridNews
извор: „Блиц“