Познатата српска турбо фолк пејачка, 32-годишната Ксенија Пајчин и нејзиниот дечко, 22-годишниот манекен Филип Каписода, се пронајдени мртви во стан на улицата „Никшичка“ во Белград вечерва околу 19 часот. Како што јавуваат српските медиуми најверојатно се работи за убиство и самоубиство. Според првичните непотврдени информации Каписода ја убил Ксенија по што си го одзел животот.


Ксенија Пајчин и Филип Каписода

Мртвите тела на љубовниците ги пронашла мајката на Ксенија Пајчин, која случајот го пријавила во полиција.

OhrridNews