Пејачката Анастазија била приморана да ја откаже европската турнеја откако и бил дијагностициран рак на дојката по втор пат. Пејачката по овој повод изјавила дека се чувствува грозно што мора да ги изневери своите фанови кои неверојатно се радувале и ја чекале нејзината турнеја. На храбрата пејачка прв пат и бил откриен рак во 2003 година, но по низа успешни операции и радиотерапии успеала да ја победи болеста.
Нејзината турнеја требало да започне на 6 април во Лондон. Информацијата за непријатниот настан се појавила на нејзината Фејсбук страница. Покрај другото било наведено дека таа ќе продолжи да го снима новиот албум во студио и дека се надева како наскоро ќе закаже нова турнеја. Сите кои купиле карти за некои од концертите ќе ги добијат парите назад.