Откако и по втор пат и бил дијагностициран рак на дојката, пејачката Анастазија била присилена да ја откаже европската турнеја. Сега таа преку Твитер порачала дека по втор пат ја победила болеста. Храбрата ѕвезда која има 44 години прв пат со ракот се борела уште во 2003 година. Тогаш ја победила, но болеста се појавила повторно.


Освен што на фановите им порачала дека го победила ракот, најавила дека и понатаму ќе работи на својата музика, да пишува песни и да снима, но во значајно побавно темпо. Инаку, во претходните интервјуа Анастазија како главна причина за болеста го навела стресот од работата со која се занимава, бидејќи во семејството немала слични медицински случаи.