Изборите за градоначалник на општина Струга, што се одржаа во неделата, се најнедемократските избори организирани досега во општината, обвини Партијата за Европска иднина.

ПЕИ  обвини дека избирачките одбори во руралните средини каде претежно живее албанско население дозволиле семејнио гласање, гласање без документ за лична идентификација, агиртирање и гласање на исти личности  на повеќе места. Поради тоа ПЕИ најави дека ќе поднесе приговор и дека ќе ги оспори изборните резултати во Струга.

На неделните избори во Струга, според првичните неофицијални податоци на ОИК, победи кандидатот на ДУИ Рамиз Мерко. Тој има 16 666 гласа, наспроти Фијат Цаноски од ПЕИ за кого гласале 14 958 граѓани. 

Ohridnews