Партијата за европска иднина – ПЕИ, го откажа митингот што денеска требаше да се одржи во Охрид.

Најавениот митинг во Охрид нема да се одржи, соопшти партијата. Граѓаните се веќе заморени од кампањата, и веќе знаат и одлучиле за кого ќе гласаат. Со оглед на тоа што кампањата ја финансираме со сопствени средства, подобро е тие да бидат дадени онаму каде е потребно, изјави на прес конференција носителот на кандидатската листа на ПЕИ во 1-та ИЕ, Есад Рахиќ.

Средствата што ПЕИ планирала да ги потроши за митингот во Охрид ќе бидат донирани во хуманитарни цели, информираа од партијата.

ohridnews