Колумбиската полиција запленила реплика на пехарот од светското првенство во фудбал направен од 11 килограми кокаин. Тој бил обоен во златна боја и бил пронајден при една рутинска контрола на аеродромот во Богота, од каде требало да биде префрлен во Шпанија. Кокаинот бил измешан со ацетон и бензин за полесна изработка на пехарот.
Во соседната држава Еквадор, полицијата неодамна открила подморница која била изградена од банда нарко дилери. Подморницата била пронајдена во една река во близина на границата со Колумбија. Со неа можеле да се пренесат и до неколку тона кокаин.