Почетокот на подготовките на Баерн Минхен не донесоа позитивни работи, откако потешко се повреди дефанзизивецот Бенџамин Павард.

Францускиот репрезентативец кој игра на десната бековска позиција ги скинал лигаментите од коленото и го очекува долга пауза. Информацијата ја пренесе германскиот клуб на својот официјален сајт.

Многу сме тажни. Павард го повреди коленото и ќе биде надвор од нашиот тим. Врати се брзо, Бенџи! – стои во соопштениетo од Баерн Минхен.

Павард на Алијанц Арената се пресели од Штутгарт.

OhridNews