Довчерашниот вардаров капитен Оливер Пеев е шестото засилување во зимскиот преоден рок за тетовскиот фудбалски прволигаш Тетекс.Претходно „текстилците“ завршија работа со Јовановски и Глигоровски (Македонија ЃП), Ристов (Работнички), Белчев (Вардар) и Исени (повратник од Албанија).

Променивме неколку фудбалери, поради тоа што не бевме задоволни од потенцијалот на кандидатите со кои располагавме. Во Охрид низ пријателските натпревари ќе ја уигруваме екипата со која во пролетниот дел ќе атакуваме на подобрување на пласманот на табелата и пробив во финалето на купот – вели Тони Јакимоски, тренерот на Тетекс.

Во Охрид, Тетекс ќе одигра тест-средба со романскиот Миовени, Ренова и Динамо Врање. Генералката за пролетниот дел ја имаат закажано за 21 февруари со Работнички во Тетово.

М.П.