Најголемата фудбалска надеж на Барселона, 18-годишниот Педри Гонзалес, им порача на навивачите по потпишувањето на четиригодишниот договор дека каталонскиот клуб ќе успее да се справи со сите проблеми со кои во моментов се соочува.

Педри вчеравечер потпиша нов договор со Барселона со кој се обврза на верност до 2026 година, но самиот истакна оти се надева дека ќе остане во клубот „многу подолго“.

-Им се заблагодарувам на сите во клубот. Многу сум среќен, иако клубот не минува низ убав период. Меѓутоа, ние сме најголемиот клуб во светот, минуваме низ тешки моменти, но ќе го решиме сето тоа на најдобар начин, изјави Педри.

Пред самото потпишување на договорот шпанските медиуми пишуваа дека откупната клаузула во случајот на Педри е дури една милијарда евра.

Педри дојде во Барселона пред нешто повеќе од една година од редовите на Лас Палмас за сума од пет милиони евра.

OhridNews