Голем скандал изби во српскиот фудбал, откако тренер од Радник Сурдулица за педофилија. 38-годишниот тренер му испраќал чудни и непримерни пораки на дете од 13, кои алудирале на тоа дека сака сексуално да го злостави.

Момчето се пожалило на својот татко дека тренерот му испраќа чудни, непримерни пораки, а тој веднаш го пријавил случајот во полиција. Полицијата го здржала мобилниот телефон на момчето, го привела тренерот, го одземала и неговиот телефон на вештачење. Тренерот ги негирал тврдењата на младиот фудбалер по што е пуштен да се брани од слобода, – пренесуваат српските медиуми.

Истрагата во следниов периот треба да докаже дали тренерот ги поминал границите со пораките и каква ќе биде казната, ако се прогласи за виновен.

Неодамна, српскиот фудбал во центарот на вниманието се најде после запалениот автомобил на Драган Антиќ, кој во минатото беше тренер на ФК Охрид 2004.

OhridNews