Педесет и два кита-пилоти (Globicephala macrorhyncus) се насукале на плажа на остров во Тасманија.
Тринаесет китови кои се насукале на плажата Ентони покрај Стенли на тој остров јужно од австралискиот континент, сепак преживаеле и стручни екипи со помош на доброволци се обидуваат да ги спасат.
„Луѓето ги полеваат со вода за да не дехидрираат“, изјавил градоначалникот.
Китовите-пилоти припаѓаат на фамилијата делфини, но, се однесуваат како китови, објаснуваат експертите.
Постојат неколку теории за тоа зошто китовите масовно се насукуваат, околу кои научниците и денеска се препираат.