Против инволвираните ученици во меѓуетничките тепачки што се случија пред два дена во средното училиште „Нико Нестор“ – Струга, ќе бидат преземени соодветни педагошки мерки најави раководството на училиштето.

„Засега немаме информации, кога ќе имаме подетални информации од МВР ќе преземеме соодветни педагошки мерки против учесниците во тепачките“, изјави Маре Савеска – директор на ЦСУ „Нико Нестор“.

Од полицијата информираат дека интензивно се работи на расветлување на инцидентот кој ја вознемири мултиетничка Струга.   

Како што веќе информиравме, во тепачките пред два со полесни телесни повреди се здобија тројца 18-годишни ученици македонци од Охрид, Ресен и Вевчани, кои биле нападнати од поголема група ученици албанци.

Ohridnews