Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура дека изградбата на катна гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирана односно нема приоритет кај нив како министерство, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки, препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катана гаража“, реагира Пецаков.

Во законот за експропријација, вели Пецаков, во член 7 јасно е напишано што е јавен интерес од локално значење и тука е напишана засебно катна гаража.

Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности. Непознавањето на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на еден од најбитните проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување. И ви ветувам дека не ја оставам оваа работа така како што мислите, потенцира Пецаков.

За жал, додава, само докажувате дека далеку сте од менаџирање и водење на една држава.

OhridNews