Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до српската заедница по повод празникот Свети Сава, еден од најголемите духовни и културни светители во православието.
Српската заедница во Охрид и Македонија е значаен дел од мултиетничкиот мозаик на нашето општество, со кој се гордееме. Вашиот придонес во зачувувањето на културата и вредностите е непроценлив. Во духот на заедничкото живеење, вие постојано покажувате дека различноста е предност што ја збогатува нашата традиција. Празникот на вашиот патрон, нека не потсети на вистинските животни вредности, кои тој ги промовираше: мир, љубов, мудрост и взаемна почит. Со желби за многу здравје, личен напредок и успех, ви посакувам денешниот празник да го прославите со голема радост и сплотеност. За многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.
OhridNews