Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, со честитка до учениците, наставници и родители по повод почетокот на новата учебна 2024/2025 годинина.

Денес започнува нова авантура на љубопитност, можности, предизвици и знаење. Нека оваа учебна година биде исполнета со прекрасни моменти на учење и другарување. На сите ученици им посакувам многу среќа, инспирација и успеси, а на нашите првачиња големо добредојде во светот на знаењето! Нека оваа учебна година биде ваша најубава приказна испишана со радост и незаборавни спомени!

Општина Охрид во континуитет останува посветена на образованието, како еден од најважните приоритети. Продолжуваме со инвестиции во сите основни и средни училишта за да обезбедиме подобри услови за настава и поголеми можности за развој на нашите ученици!

Нека е среќна и успешна новата учебна година, нека донесе гордост и убавини за сите нас!- се вели во честитката од градоначалникот Пецаков.

OhridNews