Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со својот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија која беше составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и Националниот координативен тим од Македонија.

Ја потенцирав силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион. Детално ги инфомирав за сите чекори кои како Локална самоуправа ги преземаме и со временските рамки за реализација на истите. Силно сме посветени и не отстапуваме во спроведувањето на веќе пропишаните правила за зачувување на статусот од УНЕСКО, вели Пецаков.

Мисијата на УНЕСКО во Охрид ќе биде неколку дена, информираше претходно министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со цел да ја утврди фактичката состојба на терен, да ги посети и сите засегнати институции, по што ќе донесе заклучоци по кои ќе треба државата да постапува.

OhridNews