Привршуваат градежните активности на улицата “7ми Ноевмври”, вели градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

 

Деновиве се поставува последнот слој асфалт по што ќе следува хоризонтално и вретикално обележување на улицата, објави на Фејсбук Пецаков.

Поради градежните работи на улицата „7-ми Ноември“ до сабота, 6 јули, на сила ќе биде времен режим на сообраќај.

Се упатува молба до учесниците во сообраќајот во наредниот период да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и доколку постои можност да го избегнуваат за сообраќај овој дел на градот, соопшти Општина Охрид.

Улицата “7ми Ноевмври” е една од главните сообраќајни артерии на Охрид.

OhridNews