Деновиве беше извршена комплетна реконструкција и адаптација на училница во рамки на ООУ “Христо Узунов”. Континуирано ги подобруваме условите за настава во охридските училишта, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Оштетените и прокиснати ѕидови беа целосно обновени и молерисани и беше поставен нов ламинатен под. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од општинскиот буџет, потенцира.

Посочува дека квалитетното образование е приоритет и затоа и во иднина ќе се реализираат низа инвестиции наменети за учениците.

OhridNews