По повод празникот Курбан Бајрам, честитки со желби за добро здравје, среќа и благосостојба до верниците од исламска вера упати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Нека овој празник биде мостот кој не поврзува и потсетник дека само заедно и обединети можеме да се справиме со предизвиците кои ги носи денешницата. Во духот на вековната традиција на соживот – Курбан Бајрам, е и синоним за меѓусебно почитување без разлика на верска, етничка или било која друга нацинална припадност и токму тоа нека биде повод сите заедно да се радуваме, се вели во празничната честитка на Градоначалникот.

OhridNews