Овој историски датум е важен за сите денешни но и идни генерации, ден кога се остварија долгогодишните желби и стремежи на македонците за суверена и независна држава, да бидеме свои на своето. Празникот претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу претходни генерации кои живееа со мислата за слободна и самостојна држава. Ова го истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, во честитката по повод 8. Септември – Денот на независноста на Македонија.
Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму. Ако пред 33 години сонот на нашите татковци и мајки била независна Македонија, нашиот сон е економски стабилна и напредна држава, единствена, почитувана и меѓународно признаена. Секоја индивидуа посакува подобра иднина за себе, но најважно од се е идејата за заедничка иднина. Идејата дека само сплотени и единствени можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна Македонија.
Нека е честит 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија! Нека е благословена и вечна нашата убава татковина. – стои во празничната честитка на градоначалникот Пецаков.
Г.М.