Спортскиот дел од третиот ден на Ohrid Water Festival заврши со водени лудории на Градскиот базен „Атина Бојаџи“. Премногу позитивна енергија, забава и натпреварувачки дух преовладуваше помеѓу учесниците, вели на Фејсбук профилот градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Дополнително на тоа овој настан имаше и хуманитарен карактер, па така, финансиските средства собрани од котизација на учесниците беа донирани на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Зраци“, вели Пецаков.
Додава дека токму почетокот на социјално едикативниот дел од Ohrid Water Festival било потврда дека на Охрид оддамна му требал ваков фестивал.
Многу сум среќен што уште од самиот почеток на фестивалот Охриѓани и гостите имаат позитивни впечатоци. Потврда на тоа е синоќешниот концерт на поп пејачот Ѓоко Танески. Наша задача е од година во година овој фестивал да го надградуваме и развиваме во убава традиција на Охрид, вели градоначалникот Пецаков.
Денеска на репертоарот на спортскиот дел е турнир во едрење и трка со суп даски, додека во социјално едикативниот дел на програмата се две изложби. Во организација на Клубот за подводни дејности „Охрид“ ќе биде поставена изложбата „Флора и фауна од Охридско Езеро“, додека во организација на НК „Акватек“ изложбата „Потонато културно историско богатство“. За музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи ДЏ Ванчо Плеј.
OhridNews