По повод големиот верски празник Рамазан Бајрам на сите пријатели од исламска вероисповед Ви посакувам овој голем празник да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните, истакнува во празничната честитка градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
Преку меѓусебното почитување и толеранција, овој голем празник, ги потврдува универзалните вредности на човекољубието и заедничкото во различните верски определби.
Веруваме дека граѓаните со исламска вероисповед од Охрид, како нераскинлив дел од македонското општество и натаму ќе бидат активни чинители во градењето на заедништвото и меѓусебно разбирање, стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод празникот Рамазан Бајрам.
Г.М.