Состојбата со пожарот во Охридско денеска е добра благодарение на преземените интензивни активности за гаснење од земја и воздух, кои продолжуваат, оцени градоначалникот Пецаков.

Тој смета дека дека пожарот денеска би можело да биде елиминиран.

Треба денес да завршиме или целосно да го ставиме под контрола, истакна Пецаков.

Пожарникарите заедно со вработени во национални шуми, НП Галичица, јавните претпријатија, локално население, доброволци и механизација успеаја да направат земјени бариери и да го спречат ширењето на огно, a врз преостанатите изолирани жаришта  постојано се дејствува од воздух.

Во пожарот во Охридско изгоре голема површина дабова и борова шума. Штетата допрва ќе се утврдува, но уште сега е јасно дека последиците по еко системот ќе бидат долгорочни.

Г.М.