Февруари е месец на посебна посветеност, месец во кој вниманието го насочуваме кон лицата со ретки болести и нивните семејства. Следните 28 дена треба гласно да зборуваме за предизвиците со кои тие се соочуваат, за нивните секојдневни борби, но и за нивната неизмерна храброст и верба, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Со искрена поддршка кон кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, секој од нас може да даде свој придонес. Преку разбирање, солидарност и наменски активности, верувам дека можеме да направиме вистинска разлика. Општина Охрид останува доследна во својата заложба за создавање инклузивна заедница во која секој поединец ќе ја добие потребната грижа и внимание. Со конкретни мерки, секогаш ќе бидеме таму каде што сме најпотребни – да помогнеме, да дадеме надеж и да изградиме средина во која никој нема да се чувствува сам, затоа што заедно секогаш можеме повеќе!, потенцира Пецаков.

OhridNews