Охрид за новогодишната ноќ беше вистински центар на добрата забава и веселото расположение, истакна на дочекот на Новата година на плоштадот во Охрид, градоначалникот Кирил Пецаков.

Бројните охриѓани и туристи се забавуваа со квалитетна музика и исклучителни естрадни уметници. Забавата стартуваше со DJ Gec, по што на сцената настапија извонредните музичари од охридската група Take 5. Музичкиот блок продолжи со настапот на популарниот изведувач Пајак. Веселата атмосфера продолжи со избрана народна музика од фолк ѕвездата Наум Петрески. Новогодишната забава кулминираше со настапот на македонската поп дива Каролина Гочева. Музичкото шоу на градскиот плоштад продолжи и по полноќ со DJ Face.

Забавата продолжува денеска после пладне со настап на уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.

Г.М.