Преку боите на ретките, Охрид и годинава ќе испрати силна поддршка и ќе го крене гласот за поголема инклузија и достоен живот на лицата со ретки болести и нивните семејства, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Како заедница која ја негува различноста и ја поддржува борбата за човечност и солидарност, од година во година, чекор по чекор, ги подобруваме условите за лицата со ретка болест и со конкретни мерки, овозможуваме поддршка, онаму каде што е најпотребна. Кампањата “Ги запознаваме ретките болести” стана препознатлив белег на месецот февруари и значително ја подигна свеста за ретките дијагнози, кои бараат посебно внимание и достапно лекување, потенцира.

Изразува уверување дека секоја наредна кампања, преку заедничка соработка ќе може да се споделат нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици кои ги носи ретката болест.

OhridNews