Од денес ЈП „Нискоградба“ е одлокирано и исто како и Општина Охрид веќе нема долгови, ќе функционира отворено и ќе може да врши инвестиции, рече при денешниот увид на градежните активности на тековните проекти, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Процесот започна во 2011 година кога се формираше јавното претпријатие. Две години го водеше локалната самоупрва од СДСМ. Во 2013 година го презедовме ние како локална самоупрва со 1 милион и 200 илјади евра долг и веќе од денешен аспект после две години на истиот принцип како што ја раздолживме и Општина Охрид го одблокираме и ЈП „Нискоградба“. Овој принцип на работа нема да застане тука, рече Пецаков.

Најави дека ќе продолжат со работа и со останатите ЈП-ја во насока на носење позитивна финансиска состојба која ќе даде можности за понатамошни инвестирања.

Дополнително, покрај одблокирање на сметката на ЈП „Нискоградба“ го префрламе во нови простории, а постоечките сега ќе бидат центар на механизацијата на ЈП „Охридски Комуналец“, „Водовод“ и „Нискоградба“, на улицата „Железничка“. А во овие две години, исто така, имаме инвестиции од 15 милиони денари за механизација во истото јавно претпријатие, додаде Пецаков.

Потенцираше дека се напредува во буквално секое јавно претпријатие и ќе продолжат со истото темпо во насока и на подобрување на услугите кон граѓаните.

Н.С.Ј.

фото. Б. Стојаноски