23. Октомври е потврда дека милениумското постоење на македонците, било со постојана борба за себеидентификација од антиката па се до денес, истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во честитката по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Македонците се борат затоа што се храбри, трпат затоа што се мудри, простуваат затоа што се Богуугодни. И најважно од се знаат одново и одново да градат за себе и за сите други кои ги споделуваат ваквите вредности.

Јас сум уверен, додава Пецаков, дека како генерација го носиме кодот на нашите предци и знаеме да ги пребродиме сите предизвици кои се пред нас за извесна и просперитетна иднина.

OhridNews