Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка по повод Раѓањето Христово-Божиќ до верниците од од католичка вероисповед.

Со најискрени желби за мир, здравје и благосостојба, дозволете ми во мое лично име и во името на Општина Охрид да ви го честитам– Раѓањето Христово-Божиќ.

Ви посакувам овој голем празник, со својата благодат и спокој, да ги донесе Божјите милости во вашите домови и срца. Божиќ е светлина која го осветлува патот на човештвото, тој е гласник на љубовта и милосрдието. Како што Христовото раѓање донесе спасение, нека и секој нов ден биде надеж за нов почеток и нова среќа.

Во ова време на радост и празнување, да си подадеме рака еден со друг и да ги чуваме вредностите што не поврзуваат. Нека пораките за човекољубието и почитувањето не водат кон заедништво и разбирање. Среќен Божиќ!, стои во честитката од градоначалникот Пецаков.

OhridNews